Газдата на Фиорентина го нападна Влаховиќ: Ти сакаше да го уништит клубот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фиорентина долги години не можеше да обезбеди место во европските купови, а речиси не паметат кога последен пат направиле трансфер поголем од 50 милиони евра, по што го продаде српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во Јувентус за неверојатни 75 милиони евра.

Раководството на Фиорентина е повредено поради заминувањето на Влаховиќ во големиот ривал, а претседателот на екипата од Фиренца, Роко Комисо немаше добри зборови за Србинот.

„Беше јасно дека веќе има подготвен договор. Секој пат кога бев во Англија, тој на крајот ги одбиваше понудите. Агентите на Србинот во еден момент бараа двојно поголема плата и не прифаќаа други понуди од Премиерлигата. Влаховиќ сакаше да ја уништи Фиорентина, да остане до крајот на договорот и да замине бесплатно во Јувентус. Последен пат кога го видов Душан, не се ни поздрави со мене“, кажа Комисо.