Газдата на Наполи постави ултиматум до Мертенс: Имаш рок да потпишеш договор за седум дена!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис му даде ултиматум на својот напаѓач Дрис Мертенс. Тој сега има една недела за да реши дали ќе остане во екипата или ќе си замине.

Контроверзниот газда на Наполи му кажал на Мертенс да потпише нов договор во следните седум дена доколку планира и следната сезона да му биде соиграч на Елиф Елмас.

Мертенс, од друга страна, има желба да се пресели во Интер, каде што ќе соработува со Ромелу Лукаку во нападот, доколку замине Лаутаро Мартинез.

Ако Мертенс не донесе одлука до крајот на неделата, Наполи ќе ја планира иднината без него. Напаѓачот има договор до крајот на сезоната, а уште од јануари можеше да преговара со другите клубови.