Газдата на ПСЖ тврди: Меси е наш фудбалер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Договорот меѓу ПСЖ и Лионел Меси бил постигнат. Аргентинскиот напаѓач ќе стане нов фудбалер на „светците“, барем така тврди газдата на тимот од Париз, Тамим бин Хамад ал Тани.

Ал Тани на неговиот профил на Твитер објави дека преговорите биле завршени и наскоро официјално ќе ја потврдат информацијата.

Меси во четвртокот официјално ја напушти Барселона во која ја мина досегашната кариера, а само еден ден подоцна договорил преселба во Париз.

Нема сомнеж дека ПСЖ со ваков тим во кој ќе го има Меси ќе биде главен фаворит за сите титули следната сезона, а можеби конечно и ќе им се оствари сонот да ја освојат Лигата на шампиони.

Шесткратниот освојувач на Златната топка си заминува од Барселона со 778 настапи, 672 гола и 305 асистенции.