Газдата на Шахтјор е најбогат Украинец – повлече радикален потег на 10 дена пред војната!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ринат Ахметов е најбогатиот Украинец и човек кој од Шахтјор направи сериозен тим кој може да се надмудрува со најголемите европски гиганти.

Интересно е тоа што Ахметов реши да повлече радикален потег на 10 дена пред почетокот на војната во Украина.

Познат е како близок човек на Владимир Путин во Русија, кој реши да ги прекине односите со руските лидери пред војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно го обвини Ахметов дека му е близок пријател на Путин и останатите руски олигарси, но сепак тој ја нападна Русија поради инвазијата.

„Русија е воен агресор, а Путин е воен злосторник. Украина никого не нападна, уништена ни е инфратруктурата во градовите, селата, цивилите ги губат животите… Срцето ми крвари од тоа што се случува во Украина“, вели Ахметов.