Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
По победата на Ливерпул со 2:0 на Енфилд против Астон Вила, се појавија нови информации за судбината на Арне Слот.
Пред вчерашниот наттпревар со Астон Вила, Ливерпул имаше шест порази во седум одиграни натпревари и во сите натпреварувања.
Последниот беше оној во Карабао купот, и тоа на домашен терен, а на Енфилд пред неколку дена со 3:0 победи тимот на Кристал Палас. Арсенал оствари нова победа денес и пред почетокот на натпреварот на Енфилд ‘Топџиите’ имаа предност од десет поени.
Сепак, со головите на Мо Салах и Рајан Гравенберх, Ливерпул оствари победа од 2:0 и ја намали таа разлика на седум поени.
Оваа победа така, барем накратко, донесе олеснување за сите на Енфилд, а посебно за Слот и играчите на Ливерпул.
Следната недела Ливерпул на Енфилд ќе го угости Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а потоа ги очекува гостување на ‘Етихад’, каде играат со Манчестер Сити.
Сега работите се многу појасни кога станува збор за судбината на Арне Слот на клупата на Ливерпул.
“Во Ливерпул имаат доверба во Арне Слот. Внатрешно, сите во Ливерпул имаат верба во него и сметаат дека тој е најдобрата личност да ја поправи ситуацијата.
Лошо ја започнаа новата сезона, но тоа не е крај на светот. Има време за сè да се поправи, да се вратат на вистинскиот пат.
.
















