Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Насловната страна на „Газета дело Спорт“ е со фотографија на Златан Ибрахимовиќ, а се шпекулира дека Швеѓанецот ќе го напушти Милан на лето.
Италијанските медиум објави дека 38-годишниот Ибрахимовиќ е подготвен по неколку месеци да го напушти Милан, а причината е во тоа што е разочаран со раководството на клубот, односно начинот на кој беше избркан Звонимир Бобан.
Не е тајна дека Бобан имал важна улога во трансферот на напаѓачот, па поради тоа „Газета дело Спорт“ пишува дека Ибра не планира да го продолжи договорот со екипата од Милано.
Ибрахимовиќ размислува да се посвети на други работи, односно да заврши училиште за тренери, по што ќе добие тренерски ангажман во МЛС-лигата каде што играше во претходните години.