„Газета дело Спорт“: Јувентус нуди пари плус фудбалер за Погба


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Пол Погба не сака да игра во Лига Европа следната сезона, па поради тоа сака да го напушти Манчестер јунајтед, а има многу заинтересирани клубови за неговиот потпис.

Најсериозен во намерите да го ангажира е Јувентус, кој според „Газета дело Спорт“, е подготвен да понуди многу пари за да го врати Погба.

Погба во 2016 година токму од Јувентус замина во Јунајтед за 105 милиони евра, но тој не ги оправда вложените средства во него.

Навивачте му се лутат затоа што привлекува повеќе внимание на социјалните мрежи, отколку на теренот, а Погба неколку пати покажа дека размислува да замине од „Олд Трафорд“.

Во Јувентус ќе го дочекаат со раширени раце, а италијанскиот шампион наводно му нуди на Јунајтед пари плус некој фудбалер,кој ќе го бираат „ѓаволите“.

Францускиот репрезентативец за Јувентус во 178 настапи постигна 34 гола и 43 асистенции, додека во Јунајтед одигра 142 меча и постигна 31 гол и 29 асистенции.