Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иван Ракитиќ на лето по пет години во Барселона заминува од клубот, а одбра нов клуб и италијанска „Газета дело Спорт“ открива за кого станува збор.
Хрватот, наводно, ќе се пресели во Јувентус, откако веќе разговарале за неговата иднина и ги договориле условите, а во конкуренција за неговиот потпис биле Манчестер јунајтед и Интер.
Ракитиќ игра одлично сезонава, тренерот Ернесто Валверде го користи во своите натпревари, но Барселона зимоска го купи Френки де Јонг од Ајакс за 80 милиони евра, па тоа би можело да значи дека Хрватот ќе падне во втор план.
Единствен начин за Ракитиќ да продолжи да игра стандардно фудбал, ќе мора да замине од екипата, а наводно Јувентус е неговиот нареден клуб и тие ќе платат дури 50 милиони евра за неговите услуги.