Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот медиум „Газета дело Спорт“ погрешно ги пренесе зборовите на поранешниот напаѓач на Интер и Барселона, Самуел Ето.
Ето во една изјава за медиумот кажал дека Роналдо е меѓу најдобрите светски фудбалери, а „Газета“ погрешно ја пренесе неговата изјава, па објави дека Роналдо е најдобриот светски играч според Камерунецот.
„Не, не реков дека Роналдо е најдобар играч што некогаш играл. Реков дека е еден од најдобрите. Најдобар е Меси“ –напиша Ето на социјалните мрежи.