Гечевски се збогуваше со Буштур: Се надевам дека и горе ќе даваш кошеви!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска се одржа комеморацијата во чест наБлагоја Георгиевски – Буштур, кој вчера го загуби животот во сообраќајка во Кисела Вода.

На комеморацијата зборуваа многу познати личности, меѓу кои и легендарниот кошаркар Тодор Гечевски.

„Тешко е да се зборува во моментов. Наместо да ги прославиме успесите, ние ќе мора да зборуваме за нив без него. Буштур беше многу добар човек. Се сеќавам кога во Кавадарци ме повика да играм за кадетите, па спев во неговиот дом. Се надевам дека ќе дава кошеви горе и ќе фаќа риби затоа што беше голем љубител на риболовот“, кажа Гечевски на комеморацијата.