Генијалниот план на Перез за да го добие потписот на Мбапе


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот напаѓачот Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на 2022 година, па по јануари ќе може да преговара и со нови тимови за неговата иднина.

Мбапе веќе неколку пати се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но „кралевите“ не успеаа да се договорат со ПСЖ минатото лето, па сега чекаат идеална шанса.

„Кралевите“ не сакаат да испратат понуда до ПСЖ за Мбапе во јануари, затоа што претседателот Флорентино Перез имал генијален план, а тоа е да почека да помине јануари, по што ќе почне директни преговори со Французинот.

Тоа значи дека ако се договорат двете страни, Мбапе ќе пристигне во Мадрид на 1 јули како слободен фудбалер, а сигурно ќе добие идеални услови.

„Мојата иднина? Не знам уште за тоа каде ќе играм…“, кажа Мбапе неодамна.