Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Maкедонската ракометна федерација вчера ја победи Финска на стартот од квалификациите за Европското првенство со 33:24.
Македонската репрезентација одигра еден добар натпревар и лесно се справија со Финците кои не беа претежок противник. Во победата се истакнаа стандардните Лазаров (11 гола), Пешевски и Кузмановски, но внимание привлече и „новајлијата“ во националниот тим Дарко Георгиевски.
Георгиевски доби шанса од Брестовац и неговите „пет минути“ максимално ги искористи. Георгиевски за петнаесетина минути колку што одигра постигна три гола од три обиди. Веруваме дека и во наредните натпревари ќе биде вистинско освежување во нашата селекција.