Георгина ги возбуди навивачите на ПСЖ: Дали го откри следниот клуб на Роналдо?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо најверојатно ќе го напушти Јувентус на крајот на сезонава. Тој пристигна во Италија во 2018 година од Реал Мадрид за сума од 100 милиони евра, но не ја оствари главната цел, односно освојување на Лигата на шампиони (ЛШ).

Роналдо сезонава беше често критикуван затоа што не игра на врвно ниво, а Јувентус очигледно до крајот на сезоната ќе мора да се бори за место кое обезбедува пласман во ЛШ.

Португалецот се поврзува со ПСЖ, кој е главен фаворит за неговиот потпис, а дополнително шпекулациите ги подгреа и Георгина Родригез, која објави слика на која постави локација од Париз.