Герасимовски покажа како ќе изгледа новата сала Работнички: Го враќаме домот на македонската кошарка, работиме во полн ек


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски со рендер фотографии ја информира јавноста како треба да изгледа проектирањето и реконструкцијата на новата сала Работнички.

Тој вели дека скопјани во Новата година добиваат целосно реконструирана спортска сала Работнички којашто е симбол на Центар и Скопје.

„Во Новата година го враќаме домот на македонската кошарка, го враќаме достоинството на нашите кошаркари. Минатата недела почнавме со реконструкција на првата фаза, кадешто ќе биде поставена нова фасада и кров, а исто така, ќе се реновираат и канцелариските простории во кои беа сместени спортските федерации. Активностите се одвиваат во полн ек, очекуваме веќе во месец март да започне реконструкцијата и на втората фаза“, потенцира Герасимовски.

Новата сала Работнички ќе биде согласно стандардите на ФИБА, со нови седишта, соблекувални, туш кабини, поставување на климатизација и подно греење. Со реконструкцијата ќе се овозможи враќање на клубот на европската кошаркарска сцена.