Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германија синоќа го победи Исланд во првиот меч од квалификациите за Светското првенство, но исто така испрати моќна порака во знак на поддршка на работниците во Катар.
Норвешките тимови и репрезентацијата први го кренаа гласот против Катар и користењето на работниците. Според последните информации, настрадале 6.500 мигранти кои работеле на инфраструктурата за Светското првенство во 2022 година
Норвешкит тимови повикаа и на бојкот на Мундијалот, а пред дуелот со Гибралтар и репрезентативците излегоа со маички на кои пишуваше „човечки права“.
Иницијатива беше почната и во кампот на германската репрезентација, а ФИФА е свесна дека не смее да ги казни ваквите потези на репрезентациите.