Германците го нападнаа Ѓоковиќ: Тој покажа лажен тест!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Макс Хопенштед, новинар на германски „Шпигл“ напиша тест за Новак Ѓоковиќ и спорниот ПЦР-тест кој се споменуваше во претходните денови.

Позитивниот тест кој го имаше Ѓоковиќ му овозможи да добие медицински исклучок за влез во Австралија и учество на турнирот.

Првиот тест бил направен на 16 декември во 13.05 и бил позитивен, додека на следниот тест Ѓоковиќ бил негативен на 22 декември.

„Шпигл“ не верува дека тестот бил вистински и тие „потврдиле“ дека Србинот бил позитивен на 26 декември во 14.21 часот.

Германците со специјална техника утврдиле дека позитивниот ПЦР-тест бил од 26 декември 2021, а не од 16 декември.

Тие се согласни дека негативниот тест на Ѓоковиќ од 22 декември е негативен, но имал уште еден позитивен на 26 декември.