Германците ќе збеснат: Баерн чека одговор за Кејн, а првиот човек на Тотнем си замина на одмор!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Тотнем, Даниел Леви најверојатно нема намера да го продаде Хари Кејн ова лето, а тоа го покажа и со неговиот последен потег.

Леви замина на плажа на Мајами, додека Баерн Минхен чека конечен одговор за потписот на англискиот репрезентативец.

Баерн испрати понуда од 100 милиони евра плус бонуси за Кејн, а конечен одговор чекаат до 5 август, но Леви најверојатно нема да одговори на предлогот бидејќи решил да оди на одмор.