Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалскиот сојуз на Германија денеска објави дека ќе се тестира новото правило за вториот жолт картон, со кој играчот нема да биде исклучен од натпреварот.
Играчот, кој ќе добие втор жолт картон ќе биде исклучен од игра на одреден период пред да му биде дозволено да се врати на теренот.
Само во случај на трет жолт картон фудбалерот ќе добие црвен и ќе биде испратен во соблекувалната, па така доколку успее тестот, би можело да се применува ова правило и во женскиот и во машкиот спорт.
Фудбалскиот сојуз објави дека според правилата на ФИФА може да се прилагоди правилото во координација со националниот сојуз.