Германија има строги закони: Клуб нема да добие лиценца зашто нема покрив на стадионот!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


За да се настапува во Првата и Втората германска лига, тимовите мора да исполнуваат врвни услови.

Поради тоа екипата на Карлсруе би можела да остане без место во Втората германска лига наредната сезона. Тимот е на чекор до пласман во повисок ранг, но проблеми имаат со покривот на стадионот.

Фудбалската федерација на Германија не им дава дозвола да настапуваат во втората лига поради тоа што немаат кров. Затоа раководството испрати молба, која им беше одбиена, па поради тоа се надеваат дека ќе го средат проблемот до крајот на сезоната.

„Во тешка ситуација се наоѓаме. Сите се против изградба на јужна трибина, а не добивме позитивен одговор ниту од германската фудбалска федерација“, вели директорот на клубот.