Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бундеслигата ќе биде прва од најсилните европски лиги која ќе продолжи по двомесечната пауза поради пандемијата на коронавирусот.
Клубовите од двете најсилни лиги на Германија добиле „зелено светло“ за враќање на теренот на 15 мај, а 1xBet наскоро ќе ги претстави и коефициентите.
„Ројтерс“ објави дека од 11 мај ќе бидат многу мерки намалени и тоа ќе значи враќање на фудбалот, но без присуство на навивачи и почитување на правилник за заштита на фудбалерите.
Претходните денови клубови од двете лиги направија тестирања на коронавирус, а без разлика на тоа што имаше позитивни случаи, Германците решија да ја продолжат сезоната.
Фудбалот во Германија е на пауза од 9 март, а клубовите веќе ги отворија тренинг-камповите, каде што фудбалерите тренираат индивидуално или во помали групи.