Германски фудбалер е заразен со – коронавирус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалските стадиони се затвораат за публиката, а одредени првенства се и прекинати, а денеска од Германија пристигна информација дека фудбалерот на Хановер, Тимо Хуберс е заразен со коронавирусот.

Оваа вест ја потврди и германската екипа и тврди дека тој немал контакт со соиграчите.

„Се сомнева дека тој е заразен на еден настан одржан во саботата. Немал контакт со соиграчите од тој момент, но цел тим за секој случај е тестиран. Тој се однесува примерно и не покажува никакви симптоми. Се пријавил сам и заминал во карантин штом слушнал дека со него била личност, која го имала опасниот вирус“, соопштија од Хановер.

Хуберс сезонава поради повреда настапи само на три меча, а во петокот постигна гол за триумф против Нирнберг.