Германски тим продаде 72.112 билети за меч кој се играше без навивачи на трибините!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Навивачите решија да му помогнат на германскиот третолигаш Динамо Дрезден и купија дури 72.112 влезници за меч од второто коло во германскиот Куп против Дармштад (0-3), кој се одигра без публика.

Тимот пушти билети во онлајн-продажба по пет евра со цел да заработи пари и да се избори со финансиската криза која ги погоди сите тимови во светот поради пандемијата на ковид-19.

Динамо Дрезден објави дека продале повеќе од двојно влезници од очекуваното и заработиле повеќе од 360.000 евра, кои треба да му помогнат на тимот да функционира нормално во услови на пандемија.