Гестот на Флик ја разбранува јавноста: Германскиот тренер жестоко го прослави победничкиот гол на Барселона (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ханси Флик повторно беше центар на вниманието поради неговото однесување кон судиските одлуки. Иако често истакнуваше дека не е склон кон критика на судиите, денешниот натпревар откри поинаков пристап од негова страна.

Германскиот тренер неколку пати бурно реагираше на одлуките на контроверзниот шпански судија Хесус Хил Мансано. Најголемата контроверзија се случи на почетокот на судиското продолжение на второто полувреме, кога Флик заработи црвен картон, што предизвика бурни коментари од навивачите и медиумите.

Сепак, во самиот финиш, Флик не се воздржа и бурно го прослави победничкиот гол на Барселона, изведувајќи гест кој беше оценет како срамен.