Ги одбил Барселона, Јувентус и ПСЖ, а по 20 минути потпишал за – Реал Мадрид!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Младиот напаѓач Родриго Гоес се смета за голема надеж на бразилскиот фудбал, а сега ќе има шанса да се докаже во редовите на Реал Мадрид.

Овој 18-годишен фудбалер од Сантос пристигна во Мадрид за 45 милиони евра, а Реал во борбата за неговиот потпис ги победи Барселона, Јувентус и ПСЖ.

„Преговараше со тие клубови. Барселона мислеше дека ќе го донесе, но Флорентино Перез разговараше со претседателот на Сантос. Перез беше на венчавка, но тоа не го спречи да го заврши трансферот и целата драма ја решија за 20 минути“, пишува „Марка“.

Сантос не сакаше да соработува со Барселона поради сите проблеми, кои им ги донесе трансферот на Нејмар во 2013 година.

Сепак, Родриго ќе има тешка задача да се избори за минутажа во првиот тим, па најверојатно најпрво ќе игра за Кастилја, додека Зинедин Зидан на неговите услуги ќе смета во натпреварите од шпанскиот Куп.