Ги замолчуваше навивачите на +13, па неговиот тим се посрамоти за сите пари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младата екипа на Мемфис гризлис воодушеви во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата и го освои второто место на Западот, по што делуваше дека ќе има лесна задача против Минесота тимбервулвс.

Минесота покажа заби и израмни на 2-2, а потоа водеа со 13 поени разлика и имаа шанси за пресврт, кога на девет ипол минути пред крајот Таунс ја замолчуваше публиката.

Сепак, неговиот потег беше скапо платен на крајот затоа што Мемфис се врати и успеа да ја надокнади негативата и потоа со пресврт да поведе со 3-2 во серијата.

Таунс не се прослави на натпреварот, па сега сите му се смеат поради неговиот потег во петтиот меч меѓу екипите.