Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓
Фудбалскиот тим на Милан ја заврши процедурата за трансфер на Ардон Јашари, млад талентиран дефанзивен играч роден во Швајцарија, но со македонско потекло, кој претходно настапуваше за белгискиот Бриж.
Италијанскиот гигант, по неколку недели интензивни преговори, постигна договор со белгискиот клуб. Последните информации укажуваат дека трансферот ќе биде вреден околу 39 милиони евра. Милан ќе добие перспективен млад фудбалер кој веќе привлече интерес од клубови во англиската Премиер лига и германската Бундеслига. Желбата на Јашари за играње во дресот на „росонерите“ беше пресудна за позитивниот исход на преговорите.
Јашари имаше успешна сезона во Бриж. Со одличните игри стана незаменлив дел од средниот ред, што го направи атрактивен за скаутите на најголемите европски клубови.
Фото: Принтскрин