ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Фудбалерите на Црвена звезда го совладаа Линколн од Гибралтар со 1:0 во натпреварот од 2. коло на квалификациите за Лига на шампиони, а она што го одбележа овој дуел покрај играта и победата на црвено-белите, беше и моментот на ВАР проверката на голот.
Имено, црвено-белите поведоа со 1:0 преку Бруно Дуарте, а јасно беше дека сè е регуларно. Сепак, режисерот на преносот се обиде да прикаже зошто е сè во ред со постигнатиот гол на српскиот тим, па на екраните прикажаната снимка со комична ВАР линија која беше крива.
И самиот коментатор на преносот потврди дека сè е во ред, а кога ја виде снимката и ВАР линијата, се зачуди и се насмеа:
– Убава комбинација, Иваниќ почека и во вистински момент подаде за Дуарте – рече коментаторот, а потоа ја виде снимката:
– Оваа линија никако не е добра – рече и почна да се смее.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Фото: Принтскрин