Гигант ќе урне рекорд за да го купи Миовски


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин и привлече интерес од неколку тимови, а прв кој тргнал по неговиот потпис е шкотскиот гигант Селтик.

Селтик го поставил Миовски за приоритет во зимскиот преоден рок, откако македонскио голгетер минатата сезона постигна 18 голови, а оваа погоди дури 11 пати.

Тренерот на Селтик, Брендан Роџерс кажа дека е голем фан на Миовски и нема да жали пари за да го купи.

Според шпекулациите, Селтик е подготвен да го урне трансфер-рекордот од 4,4 милиони фунти кој претходно го направи за Скот Браун во 2007 година.