Гиганти се тепаат за него, а тој сака да игра само во – Реал Мадрид!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од најпосакуваните фудбалери во моментов е ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам за кој неколку европски гиганти се борат да го добијат.

Белингам вреди околу 100 милиони евра и ќе замине наскоро од Дортмунд, а за него се заинтересирани Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Барселона, Челси, но најблиску до неговиот потпис е Реал Мадрид.

Шпанските медиуми објавија дека менаџерската агенција која се грижи за Англичанецот веќе ги информирала „кралевите“ дека желба на Белингам е да го носи „кралскиот“ дрес.

Раководството на Реал гледа идеална замена за Лука Модриќ и Тони Крос, кои се пред пензија, па наскоро би можеле да тргнат по неговиот потпис и така да ја реновираат целосно средината од теренот, откако претходно ги ангажираа Едуард Камавинга и Орелиен Чуамени.