Гигантите будно ја следат ситуацијата: Алварез призна дека не е среќен во Манчестер


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Хулијан Алварез со Аргентина ја освои Копа Америка, а сега е дел од Летните олимписки игри во Париз, но пронајде време да зборува за неговата иднина во Манчестер сити.

Алварез има договор со „граѓаните“ до 2028 година, а минатата сезона за нив одигра над 50 меча, но и покрај тоа не е задоволен од статусот кај тренерот Пеп Гвардиола.

„Постојано размислувам што ќе се случи. Минатата сезона бев еден од играчите кои одиграа најмногу минути, но на крајот на некои натпревари бев надвор од игра и тоа не е пријатно. Ќе имам време да размислам за мојата иднина. Ќе ја соопштам мојата одлука по Олимписките игри“, кажа Алварез.