Гигантите не мируваат: Милинковиќ-Савиќ пред спектакуларен трансфер?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанските медиуми повторно шпекулираат за тоа дека Сергеј Милинковиќ-Савиќ би можел да го напушти Лацио.

Милинковиќ-Савиќ сезонава игра одлично во дресот на Лацио, па со неговите настапи привлече голем интерес меѓу европските гиганти.

„Тутоспорт“ објави дека неколку тимови се борат за потписот на Србинот, а наводно главната битка ќе ја водат Тотнем и Реал Мадрид.

Мала предност му се дава на лондонскиот гигант затоа што тренерот Жозе Мурињо сака да го реновира тимот, па нема да штеди пари за да го купи Србинот. Меѓу заинтересираните клубови се уште и ПСЖ, Манчестер јунајтед…