Гигантите останаа со празни раце: Варди потпиша нов договор со Лестер! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џејми Варди беше желба на Манчестер јунајтед ова лето, но таков трансфер нема да се реализира бидејќи напаѓачот потпиша нов договор со Лестер сити.

Лестер потврди дека го продолжил договорот со еден од најискусните фудбалери до 2024 година, а Варди е вистинска легенда на клубот во кој стигна во 2012 година од Флитвуд.

Варди му помогна на премиерлигашот да ја освои титулата во Премиерлигата, ФА-купот и уште неколку успеси, а за „лисиците“ одигра вкупно 387 натпревари и постигна 164 гола.

Англичанецот претходно беше желба и на Арсенал и Тотенхем, но Варди му остана верен на неговиот тим.