Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бруно Фернандеш, соиграчот на Стефан Ристовски во Спортинг Лисабон, го постигна 28. погодок сезонава.
Фернандеш има само 24 години и го урна рекордот на Френк Лампард по број на постигнати голови во сезона, кога станува збор за фудбалери за врска. Сепак, далеку е тој од легендата на Челси, доколку ги споредиме двете европски лиги.
Исто така, младиот фудбалер има постигнато и 15 асистенции сезонава, па за него се заинтересирани три европски гиганти, а тоа се Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус.
Фудбалерот има договор со Спортинг до 2023 година, па тоа значи дека португалската екипа нема да го пушти за сума помала од 50 милиони евра.