Гигс се присети на чудна средба со Ван Гал: Ми рече дека изгледам добро и…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот фудабелр Манчестер јунајтед, Рајан Гигс се присети на запознавањето со контроверзниот холанѓански тренер Луј Ван Гал.

Поранешниот репрезентативец на Велс му беше помошник додека Ван Гал ги предводеше „црвените ѓаволи“ од кормилото.

„Заминав во хотел да се запознаеме, кога стигнавме, ја отвори вратата и ме погледна, а потоа ми кажа дека изгледам добро и ме удри во стомак. Не знаев како да реагирам. Можев да му вратам со иста мерка, но тоа значеше дека ќе добијам отказ“, вели Гигс.

Без оглед на чудниот начин на запознавање, Гигс го пофали Ван Гал и кажа дека посветил внимание на своите асистенти и играчи, како и дека е добра личност.