Гијан конечно се одмазди: Суарез пред 12 години се смееше, сега нека плаче!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Уругвај вчера славеше против Гана со 2-0, но тоа не му беше доволно да обезбеди осминафинале на Светското првенство (СП) во Катар, а ова му се допадна на Асамоа Гијан.

Гијан кој стана трагичар во 2010 година на Мундијалот, откако промаши пенал по раката на Луис Суарез, конечно ја дочека својата одмазда.

„Суарез се смееше пред 12 години, а сега може да плаче. Тој си оди дома, а јас на ова гледам како одмазда“, кажа Гијан.