Главоболки Флик пред финалето на Кралскиот куп со Реал


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Левиот бек на Барселона, Алехандро Балде, доби повреда на заден бутен мускул поради која ќе мора да паузира од две до три недели.

Иако Барселона не прецизираше колку долго Балде ќе биде надвор од терените, добро известени извори откриваат дека ќе недостасува од 15 до 20 дена, така што шансите да биде подготвен за финалето на Кралскиот куп со Реал, кое е закажано за 26 април, се мали.

Балде е еден од најстандардните играчи кај Ханси Флик, оваа сезона одигра дури 43 натпревари со учинок од еден гол и 10 асистенции.

Фото: Барселона/ФБ