„Гледам дека си нервозен кога не боксуваш дома, но јас ќе те нокаутирам во Лондон“


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Ентони Џошуа најверојатно ќе ја брани титулата на светски шампион против предизвикувачот Кубрат Пулев.

Бугаринот е прв во редот за борба со Џошуа, а Пулев е убеден дека ќе го нокаутира Британецот и јасно му испрати порака.

„Шампионе, те гледам дека си нерозен кога не боксираш дома. смири се сега, но биди загрижен. јас сум подготвен кога ќе дојдам во Лондон и ќе те нокаутирам пред навивачите“, кажа Пулев.

Сепак, договор за борба не е постигнат. Сите уште го чекаат, иако претходно Пулев објави дека борбата ќе биде одржана на стадион на Бешикташ во Истанбул.

Пулев во кариерата има 28 победи и еден пораз и тоа од Владимир Кличко.