Глупост на Кавани за победа на Бразил, Аргентина почна да игра како во најдобрите денови! ?


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Четвртото коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Катар заврши минатата ноќ, а вистинска катастрофа доживеа селекцијата на Колумбија која беше поразена на гостување со 1-6.

Уште на полувреме беше решен победникот затоа што Еквадор имаше водство од 4-0, по што почесен погодок постигна Хамес Родригез, а во вториот дел паднаа уште два гола во мрежата на Колумбија.

Бразил во дербито славеше против Уругвај со 2-0, а постигнаа голови Артур и Ришарлисон. Треба да се спомене дека Едисон Кавани направи голема глупост и доби црвен картон.

За разлика од претходните квалификации Аргентина овој пат изгледа одлично, па го совладаа Перу со 2-0, со головите на Гонзалес и Лаутаро Мартинез во првото полувреме.