Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Четвртото коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Катар заврши минатата ноќ, а вистинска катастрофа доживеа селекцијата на Колумбија која беше поразена на гостување со 1-6.
Уште на полувреме беше решен победникот затоа што Еквадор имаше водство од 4-0, по што почесен погодок постигна Хамес Родригез, а во вториот дел паднаа уште два гола во мрежата на Колумбија.
Бразил во дербито славеше против Уругвај со 2-0, а постигнаа голови Артур и Ришарлисон. Треба да се спомене дека Едисон Кавани направи голема глупост и доби црвен картон.
За разлика од претходните квалификации Аргентина овој пат изгледа одлично, па го совладаа Перу со 2-0, со головите на Гонзалес и Лаутаро Мартинез во првото полувреме.