Го бараше цела Европа, а сега УЕФА го суспендираше на 12 месеци!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денеска го суспендираше голманот на Ајакс, Андре Онана на една година затоа што ги прекршил допинг правилата.

Во тестовите кои биле спореведени на 30 октомври минатата година, во урината на Камерунецот била пронајдена забранета супстанција.

Суспензијата почнува да важи веднаш и Онана нема да може да игра фудбал во следните 12 месеци.

Секако, постои можност суспензијата да биде скратена затоа што жалба до Меѓународниот спортски суд испратија и фудбалерот и клубот.