“Го чував Шек и одеднаш почуствував како да сум имал сообраќајна несреќа”


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот НБА кошаркар Еди Кари зборуваше во интервју за искуството против Шекил О’Нил.

Легендарниот центар е еден од најдоминантните играчи кои се појавија во лигата, а Кари кој и самиот беше огромен немаше никакви шанси да го чува Шек.

Кари играјќи за Булси и Никс често имаше дуели со О’Нил, а тука не му помогнаа ни висината од 213 центиметри ни 130 килограми тежина.

Во интервјуто објаснува како луѓето не се свесни како е да се игра против Шек.

“За оние кои мислат дека имаат некакви шанси против Шек еден на еден, ќе ви кажам пример. Шек е првиот играч против кој немав никакви шанси. Памтам дека направи некој потег, јас бев пред него, а по дуелот се чувстував како да имам сообраќајна несреќа. Тој беше најголемиот човек кој некогаш сум го сретнал. Ова се случи тогаш кога почна да менува клубови и кога не беше во најдобра форма”, изјавува Кари.

По овие зборови можеме да замислиме како им било на играчите кои го чувале Шек во најдобрите години од кариерата, кога Шек навистина доминираше.

Тоа посебно се однесува на периодот од кариерата кога играше во Орландо и Лејкерс, каде беше фантастичен.

О’Нил кариерата ја заврши со просек од 24 поени и 11 скокови по натпревар и четири НБА прстени.