Го изградија како фудбалер, а тој ги „плука“: Мбапе предизвика бес кај навивачите на Монако ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Монако синоќа го совлада ПСЖ во дербито на 11. коло во француската Лига 1 со 3-2. ПСЖ водеше со 2-0 на полувреме, но потоа се случи пресврт.

Играчите на Монако во продолжение од мечот заиграа фантастично и направија пресврт, па на крајот триумфираа со 3-2.

Во центар на внимание беше Килијан Мбапе кој постигна два гола за ПСЖ против поранешниот клуб, но тоа што ги изнервира навивачите на Монако е провокацијата од Французинот.

Мбапе го бакнуваше грбот на ПСЖ по постигнатиот гол, иако Монако го изгради како фудбалер, а очигледно тоа беше дополнителен мотив за „кнезовите“, кои му наплатија за тоа во второто полувреме.