Го излажала газдата дека е болна, па добила отказ откако камерите ја снимиле на „Вембли“


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Англиската навивачка Нина Фаруки ја загуби работата само еден ден по пласманот на нејзината репрезентација во финале на Европското првенство (ЕП).

Нина го излажала својот газда дека е болна, а заедно со пријател заминала на меч од полуфиналето на ЕП против Данска.

Девојката живее во близина на Лидс, па заминала во Лондон за да го гледа мечот на „Вембли“, но камерите ја снимиле по автоголот на Симон Кјаер.

„Ова се возбудливи моменти за цела Англија, но за жал нашата вработена лажеше дека е болна и го прекрши договорот, па немавме друг избор освен да ја отпуштиме. Нашата компанија ќе им даде слободно утро на сите в понеделник, ако Англија победи во недела“, кажа нејзиниот газда Стивен Тејлор.