Го критикуваат Де Геа, а немаат поим како е да се биде голман


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Лестер, Каспер Шмајхел застана во одбрана на својот колега од Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа кој е на удар на јавноста на Островот.

Де Геа имаше катастрофални реакции против Челси и беше директен виновник за поразот во полуфиналето од ФА Купот, но Шмајхел го одбрани својот колега.

„Кога ќе погледнете, нема голман кој на ТВ или во весниците ги анализира натпреварите, така што често критиките кои може да ги чуете не се фер. Со целиот респект, но има луѓе ки не се компетентни да даваат анализи за голманите, не ја знаат суштината затоа што никогаш не бранеле“ –изјави Шмајхел.