Го напушта Њукасл – Сисоко доби две понуди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот репрезентативец, Муса Сисоко ова лето ќе го напушти Њукасл.

Сисоко беше фантастичен во финалето на ЕП против Португалија, а после тоа ракоовдството на Њукасл одлучи да ја зголеми цената. Иако англискиот клуб за овој фудбалер бара 35 милиони евра тешко е дека некој клуб ќе ги издвои тие пари за Сисоко.

Англиските медиуми денес пренесоја дека Њукасл доби две понуди за Французинот кој јасно порача дека не сака да игра во Чемпионшип. Сисоко кај себе сакаат да го видат Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Меѓутоа, овие две клуба немаат намера да платат повеќе од 25 милиони евра за овој фудбалер.