Го одбија од Лејкерс, па им „избега“ во градскиот ривал!


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Поранешниот тренер на Кливленд кавалирс, Тајрон Лу конечно се договори со Лос Анџелес Клиперс, кадешто ќе работи како помошник на Док Риверс.

Клиперс го реновираше тимот летово, па сега важат за еден од најголемите фаворити за трофејот.

Лу се поврзуваше со другиот тим од Лос Анџелес, но нееговиот ангажман во Лејкерс не беше договорен.

Освојувачот на шампионскиот прстен во 2016 година, веќе му беше помошник на Риверс двапати, првпат во Бостон и еднаш во Клиперс во 2013/14.

Потоа замина во Кливленд, кадешто му беше асистент на Дејвид Блат, а потоа како прв тренер ја освои титулата со нив.