„Го прашав Жозе за да си одам од клубот, ми рече дека сум ретардиран“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Некогашниот фудбалер на Порто, Кандидо Кошта раскажа интересна анегдота поврзана со Жозе Мурињо.

Додека Кошта играше во Порто, тренер на клубот беше токму Мурињо, а кога му кажал на тренерот дека сака да си оди, тој му кажал дека е ретардиран.

„Имав 21 година кога во 2003 година дојдов кај Мурињо во канцеларијата и го прашав дали ќе ме пушти да си одам од клубот. Кога му кажав што сакам, ми рече дека сум ретардиран. Бв глупав, навивачите ме сакаа, бев важен играч во младата репрезентација, а во Порто играв малку. Сакав да играм зошто имав две солидни сезони зад себе и мислев дека тоа се моментите кои ќе ми ја обележат кариерата. Сепак си заминав од клубот, а кога се вратив, Мурињо веќе беше во Челси. Порто годината кога бев на позајмица го освои првенството и Лигата на шампионите, а јас не бев со тимот“- изјави Кошта.