Го прекина молкот и кажа дека зборувал со Лапорта: Плачев пред претседателот…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роналд Куман минатата сезона го отпиша Самуел Умтити и му порача дека може слободно да си бара нов клуб.

Францускиот дефанзивец ги одби сите понуди и кажа дека главна цел му е да остане во Барселона затоа што може да се наметне кај тренерот.

Меѓутоа, тоа не му оди по планот затоа што во досегашниот дел од сезоната Умтити не одигра ниту минута.

Умтити по неколку месеци реши да го прекине молкот и даде интервју за „Мундо Депортиво“ во кое зборуваше за ситуацијата во клубот.

„Не зборувам многу, но кога го правам тоа, тогаш е од срце. Плачев на состанокот со претседателот. Тоа за мене беше важен разговор и претседателот мораше да види колку сакам да му помогнам на тимот. Му кажав дека ќе се борам за минутажа кај Куман. Од првиот ден покажав дека сум голем работник и сакам да останам во Барселона“, вели Умтити.