Го провоцираа Винисиус цел меч, а камерите снимија што му кажа Ерик Гарсија (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот тим Барселона ги воодушеви своите навивачи откако вчера славеше во Мадрид против „кралевите“ со 4-0, но сè уште се далеку од битката за титулата.

Барселона одигра одличен меч во Мадрид и успеа убедливо да слави со 4-0, а можеше да биде уште полошо ако каталонскиот гигант не промашеше неколку зицери.

Винисиус Жуниор во финишот на првиот дел се обиде да изнуди пенал со наивно симулирање, поради што се скара со дел од фудбалерите на Барселона.

Камерите го снимија Ерик Гарсија кој го провоцираше Бразилецот, а може да се слушне како му вели „Еј ти, Златната топка те чека следната сезона! Златна топка, така?“.