„Го сакате Халанд? Нема проблем, само ќе мора да им дадете милиони на Рајола и татко му“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвешкиот репрезентативец и напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е еден од најбараните фудбалери во светот на фудбалот.

Голем број европски гиганти сакаат да го добијат потписот на 21-годишниот напаѓач, а меѓу нив е и Барселона, чиј претседател Жоан Лапорта сака да потпише договор со Норвежанецот.

Шпански медиуми пишуваат дека Барселона ќе мора да плати 75 милиони евра за трансфер, но дополнителен проблем е тоа што ќе им требаат уште 60 милиони евра, од кои 40 ќе бидат за менаџерот Мино Рајола, а 20 за таткото на Халанд.

Халанд сезонава одигра 11 натпревари за „милионерите“, а притоа постигна 14 голови и три асистенции.